Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски по реакциите дека неговиот пост во врска со министерката за финансии Нина Ангеловска бил сексистички, денеска на Фејсбук упати извинување доколку со тој пост навредил нечии чувства.
„Бидејќи и тоа што го кажав не е протолкувано како извинување, еве ќе бидам појасен: изнесената метафора беше погрешно разбрана и протолкувана на погрешен начин, затоа се извинувам ако на некој начин сум предизвикал навреда или таа метафора предизвика навреда на нечии чувства. Како син, брат, сопруг, татко, пријател никогаш не поддржувам ниту пак ќе поддржам сексизам или говор на омраза и останувам застапник за човечките права и слободи. Како човек барам прошка ако ненамерно сум погрешил“, напиша Стоилковски во извинувањето.
Опозицискиот портпарол вчера ја нарече новата министерка за финансии „Нина Групировка“ и „Џирло девојка“.