Стоилковски: Заев уште пред референдумот договарал програми со Косово со придавката „Северна“ ВИДЕО

662

Владата и Министерството за култура во нејзино име уште лани пред референдумот договарало програми со косовската влада со користење на придавката „Северна“, тврди Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Тој рече дека во документот односно во заедничката меѓудржавна програма сите инволвирани македонски министерства и институции како и името на државата се напишани со придавката „Северна“.

– Документот, програмата подготвена за објавување, кој според она што е излезенo од Министерството за култура со назнака за објавување, на корицата е испишано „Република Северна Македонија“, „Министерство за култура на Северна Македонија“. Според содржината од македонското министерство, Меѓудржавната Програмата од 65 страници била одобрена во Приштина уште на почетокот на септември лани, а во неа насекаде пишува дека се однесува на Република Северна Македонија. Наведени се вклученост во оваа програма на Министерства и агенции од Република Северна Македонија. Дури и во предговорот напишан пред септември 2018 година авторот, косовскиот владин претставник Реџеп Хоти, ги поздравува претставниците, учениците, професорите од Република Северна Македонија, како и министерствата за култура, за образование и наука и други владини министерства и агенции на Република Северна Македонија, како што стои и е наведено во цела оваа Меѓудржавна програма – рече Стоилковски.

Според него, во Меѓудржавната програма сите институции за соработка се наведени со додавката „на Северна Македонија“, а во тоа време, како што рече, се уште не беше ниту започната кампањата за референдумот.

– Откако документот излезе во медиумите, Владата демантираше. Но, документот постои, одобрен е од Косовската влада, од косовскиот претставник Реџеп Хоти, тој го употребува името Северна Македонија, и наведува министерства и агенции на Северна Македонија. Тоа е невозможно за една меѓудржавна програма, без таа да биде претходно мината низ тукашните, овдешните институции – рече Стоилковски.

Тој додаде дека Владата е должна да одговори: Кој тоа во име на оваа влада, на владата на Заев договарал со Хоти употреба на Северна, и дали Заев е возможно да не знаел за тоа, пред референдумот воопшто да се одржи, од каде толкава сигурност за Северна, во оваа влада знаејќи дека и сега, денес, се уште тоа име не се употребува, наметнатото име, а има и судски институции кои треба да се изјаснат за чинот на менувањето на Уставот и кои министри и министерства ја одобриле оваа Програма каде се употребува Северна?

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...