Стогодишен маж оздраве од коронавирусот и беше пуштен од болницата во саботата, откако мина 13 дена на лекување, со што стана најстариот пациент до денеска кој го победил вирусот.
Тој бил примен во болницата на 24 февруари со инфекција на коронавирусот и здравствени проблеми како што се Алцхајмерова болест, хипертензија и откажување на срцето.
Мажот бил меѓу групата од 80 пациенти заразени со вирусот „ковид 19“, кои биле отпуштени од болницата во Хубеи, жариштето на епидемијата.
Роден е во февруари 1920 година и неодамна го прославил својот 100-ти роденден.
FOTO EPA-EFE/JAMAL TARAKAI