Стинг во Скопје на 2. јуни

271

По рекордно брзо распродаденото шоу што се одржа во Вип Арената на 15.10.2017 година (во рамки на “57th & 9th” турнејата), Стинг се враќа во Скопје на 02.06.2019, овојпат со историско стадионско шоу на нашата арена со која сме сите горди, „Филип Втори“. Стадионот “Филип Втори” за прв пат ќе биде место на кое ќе се одржи концерт на една светска ѕвезда од калибарот на Sting! – информираат од Авалон Продукција.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба задутре (19. декември) во 09 часот наутро, а цените ќе бидат објавени вечерва во 21 часот.

– Во рамките на турнејата „My songs“ која во суштина претставува best off tour, Стинг  ќе понуди едно несекојдневно и динамично шоу, фокусирајќи се на неговите најдобри песни од ерата на The Police и од соло кариерата.  „Englishman in New York“, „Fields of gold“, „Shape of my heart“, „Every breath you take“, „Roxanne“, „Message in a bottle“ се само некои од легендарните песни кои што ќе можат да се слушнат вечерта во Скопје, во изведба на една од најголемите рок ѕвезди на светот на сите времиња – додаваат од Авалон Продукција.

Македонија во една година ќе може да види три концерти на артисти од светската А листа на изведувачи: Sting, Lenny Kravitz и Eros Ramazzotti!

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...