Поранешниот фронтмен на групата „Полис“, Стинг изјави денеска дека не треба да дојде до Брегзит и тоа ќе биде катастрофа за Велика Британија.
– Се надевам дека нема да дојде до Брегзит – истакна Стинг, додавајќи оти не слушнал ниту една логична причина зошто излезот од Унијата е добра идеја, додека напротив има многу причини за останување во составот на ЕУ.
– Пред два дена потпишав петиција Парламентот да ја повлече одлуката или макар да дебатира за тоа – изјави музичарот, нагласувајќи дека тој е патриот и сака Британија да биде дел од ЕУ.
Петицијата која ја одби британската Влада ја потпишаа околу 5,8 милиони луѓе, известувајќи ја Унијата дека сакаат да останат во неа.