Стивен Спилберг се откажа од режирањето на „Индијана Џонс“

Идејата некој друг да го режира петтиот дел од филмот е во целост на Спилберг, велат медиумите.

963

Стивен Спилберг нема да го режира петтиот дел од филмот за славниот ловец на богатство Индијана Џонс, пишува „Варајети“. Режисерската палка би можела да ја преземе Џејмс Манголд.

После првиот филм на Индијана Џонс, снимен пред 39 години, ликот кој го прослави актерот Харисон Форд, Стивен Спилберг одлучо да ја предаде режисерката работа на некој помлад.

Режисерот на филмот „Форд против Ферари“, Џејмс Манголд би можел да го преземе „кормилото“. „Варајети“ пренесува дека разговорите со Манголд се во тек.

Идејата некој друг да го режира петтиот дел од филмот е во целост на Спилберг, велат медиумите, затоа што тој сакал да го „пренесе камшикот на Индијана Џонс“ на новата генерација што ќе би му дала свој поглед на приказната.

Спилберг ќе остане продуцент на филмот.

Филмот е предвидено, според плановите, да се појави во киносалите на 9 јули 2021 година. Харисон Форд ќе продолжи да го игра главниот лик.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...