Ова лето беше одбележано од Pepsi Taste Challenge-от, каде учесниците во предизвикот одбираа кој вкус повеќе им се допаѓа – вкусот на Pepsi или вкусот на најпродаваниот кола пијалaк. Повеќе од 10.000 учесници го дадоа својот глас, а сега тука се и резултатите!
По два месеца и 24 настани во дури 8 града: Скопје, Струмица, Битола, Охрид, Струга, Гостивар, Прилеп и Куманово, резултатите од големиот „предизвик на вкусовите“ велат дека 58,8% од учесниците го одбраа Pepsi вкусот!
На сите учесници, по доаѓањето на еден од штандовите им беа послужени две чашки без никаква ознака, една наполнета со Pepsi, а друга со најголемиот кола конкурент. Тие имаа едноставна задача – да пробаат од двата пијалaка и да кажат кој вкус повеќе им се допаѓа.
На своите социјални мрежи, Pepsi им честиташе на сите за прифаќањето на предизвикот и им се заблагодари за тоа што го одбраа вкусот на Pepsi.
Сите сме си го поставиле многу пати прашањето: кој кола пијалак има најдобар вкус? А сега, секој може да биде чекор поблиску до својот личен одговор.