Стејт департмент: На Груевски треба да продолжи да му се суди во Македонија

626

Американскиот Стејт департмент одблизу го набљудува случајот со Никола Груевски, особено откако му е одобрен азил во Унгарија, пишува денеска унгарскиот весник „Nepszava“.

Стејт департментот, на барање на унгарскиот весник, ја повторува својата позиција посочувајќи дека на Груевски му е изречена казна затвор од две години по „темелен и транспарентен судски процес“.

Од Стејт департментот истакнуваат дека против Груевски се водат четири кривични постапки и оти е потребно тие да продолжат во македонскиот правосуден систем.

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски во вторникот објави дека добил азил во Унгарија. Македонските власти побараа поништување на одлуката за азил и негова екстрадиција во Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...