Стечаен управник присвоил над 68 илјади евра, доби кривична

ОЈО го сомничи за кривични дела злупотреба на службената положба и овластување, и фалисфикување или уништување на деловни книги.

591

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Д.Ф., стечаен управител и овластено лице – единствен потписник на сметката на Јавно претпријатие за уредување и употреба на градежно земјиште Гостивар – во стечај, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела злупотреба на службената положба и овластување, и фалисфикување или уништување на деловни книги.

– Пријавениот Д.Ф. во периодот од 2012-2018 година со цел да се стекне со противправна имотна корист за себе, ја злоупотребил својата службена положба и овластување, на начин што спротивно на член 34 ст.1 в.в т.2 од Законот за стечај, подигнал и присвоил парични средства на име материјални трошоци од банкарската сметка на правниот субјект во вкупен износ од 4.199.700 денари, за кој износ го оштетил државниот буџет – велат од ОЈО.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...