Градоначалникот на Карпот, Стефан Богоев, вчера, а денеска градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, дале исказ за случајот „Рекет“, соопштија од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Но, во интерес на истрагата, велат оттаму, не можат да споделат детали за содржината на нивните изјави.
Во „Рекет“ осомничени се Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец, а меѓуделата кои се предмет на истрагата се примање награда за противзаконито влијание и прење пари.
– Паралелно со прибирањето на вербални докази, обвинителството дава насоки и наредби за вршење и на други истражни дејствија. Вештачењата на прибраниот обемен материјал од извршените претреси е во тек. По наредба на обвинителството се врши и вештачење на содржината на пронајдениот и одземен втор мобилен телефон на јавниот обвинител – велат од Обвинителството.