Стерјовски избран за член на албанската парламентарната Комисија за надворешна политика

167

Албанскиот Парламент попладнево на пленарна седница за член на Комисијата за надворешна политика го избра Васил Стерјовски, единствениот пратеник Македонец.

Македонските друштва во оваа земја го поздравија изборот на Стерјовски оценувајќи при тоа дека ако се има во предвид значењето на парламентарната Комисија ова е уште еден голем успех со кој се потврдува довербата кон Стерјовски и воопшто кон македонската заедница.

Парламентарната комисија брои 15 членови а ја раководи Мими Кодели од Социјалистиката партија.

Стерјовски во собраниската сала седна на 16 мај и стана првиот пратеник во албанскиот парламент во плурална Албанија, кој доаѓа од македонска партија но и воопшто како пратеник кој јавно се декларира како Македонец.

Тој денеска го имаше второ обраќање во албанскиот законодавен дом, во кое откако направи пресек на ресурсите со кои располага општина Пустец и проблемите со кои се соочуваат жителите на оваа општина, побара од албанската Влада поголема грижа и инвестиции.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...