Стенд ап комичар починал на сцена, публиката и натаму се смеела ВИДЕО

1155

Британскиот стенд ап комичар Јан Когнито (60) почина среде настап на сцена.

Комичарот седнал на стол и се потпрел неколку минути , а публиката се смеела и натаму, мислејќи дека и тоа е дел од шоуто. Комичарот починал во барот Атик во градот Бичестер. Веднаш била повикана итна помош, но лекарите прогласиле дека смртта настапила на сцената.

– Само десет минути пред тоа правеше шеги на сметка на мозочниот удар. Рече: Замислете да преживеете мозочен удар, станете и проговорите велшки. Кога седна, мислевме дека и тоа едел од настапот. Излеговме од салата со чувство на мачнина. Седевме таму можеби пет минути и се смеевме, а тој бил починат – раскажува еден од сведоците на трагичниот настан.

Голем број јавни личности се простија од комичарот, шокирани од неговата смрт. Велат дека е вистински ветеран на стенд ап комедијата, кој настапувал речиси секој ден од средината на осумдесетите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...