Поранешниот македонски ракометен репрезентативец Стевче Алушовски е назначен за нов тренер на Еурофарм Работник.
– Во реализација на своите зацртани цели, СЕХА лига за наредна сезона, финале на Куп на Македонија и достојно претставување во преостанатите натпревари од групната фаза на ЕХФ купот, Еурофарм работник продолжува со нов шеф на стручниот штаб – е објавено на клуспкиот Фејсбук-профил.
Тоа е Стевче Алушовски. Во име на клубот го изразуваме нашето огромно задоволство што битолската ракометна легенда седнува на тренерското столче на нашиот клуб. Убедени сме дека неговото знаење, искуство, професионалност и посветеност на работата ќе придонесат за остварување на нашите цели и прогресот на нашиот клуб, велат од РК Работник.
Алушовски на тренерската позиција доаѓа на местото на српскиот стручњак Ѓорѓе Чирковиќ со кого вчера беше спогодбено раскинат договорот за соработка.