Стево Пендаровски – портпарол, професор, пратеник, советник и кандидат на власта за претседател

1627

Стево Пендаровски, кандидатот на власта за претседател на државата беше кандидат на СДСМ и на претходните претседателски избори.

Тој во моментов е национален координатор за подготовка на земјава за членство во НАТО.

Роден е на 3 април 1963 година во Скопје. Дипломирал во 1987 година на Факултетот за правни и политички науки, при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје, а магистрирал и дикторирал на Институтот за социолошки и политички правни истражувања при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје.

Во изминатите 11 години бил професор на Универзитетот Американ Колеџ Скопје каде што ги предавал предметите Меѓународна безбедност, Меѓународни односи, Вовед во политика, Глобализација, Геополитика, Надворешната политика на САД, Надворешната и безбедносна политика на ЕУ и малите држави во светската политика.

Во периодот 1998-2001 бил началник на Управата за аналитика и истражување во Министерството за внатрешни работи и портпарол на министерството.

Од 2001 до 2004 година е советник за национална безбедност на претседателот на Република Македонија.

Од 2004 до 2005 година е претседател на Државната изборна комисија. Од 2005 до 2009 година е советник за надворешна политика на претседателот на Република Македонија.

Од 2016 до 2017 година е пратеник во Собранието на Република Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...