Според податоците на ДИК од обработени над 98 отсто од гласовите, или 3.436 избирачки места, Пендаровски освоил 423.292 гласа или 51,83 отсто, а неговата противкандидатка Гордана Силјановска Давкова 363.980 гласови или 44,57 отсто. Од вкупниот број запишани граѓани во Избирачкиот список, Пендаровски освоил 23,41 отсто, а Силјановска Давкова 20,13 отсто.
– Му честитам на Стево Пендаровски на изборот и се надевам дека функцијата ќе ја извршува успешно – рече Дерковски на вечерашната прес-конференција.
Дерковски информира дека вкупно на гласање излегле 46,44 отсто од граѓаните или 816.649 од вкупно запишаните 1.808.131 во Избирачкиот список. Важечки гласачки ливчиња биле 787.272, а неважечки 29.377 или 3,60 отсто.
Тој рече дека од аспект на ДИК денешните избори поминале во фер и коректна атмосфера. До ДИК, рече, во текот на денот не пристигнале никакви забелешки за нерегуларности на избирачките места и тоа, според него, е чекор напред во демократизација на општеството.
Тој им честиташе на граѓаните кои достоинство излегле и го дале својот глас за еден од двајцата кандидати, а изрази надеж дека на наредните избори тоа ќе го направат и оние кои денеска останале дома.
Дерковски најави дека утре на прес конференција ќе ги соопштат резултатите од сите избирачки места и оттогаш ќе важат роковите за приговори и жалби.
ОБНОВЕНО:
Во моментов обработени се 3.512 избирачки места или над 99 отсто, а Пендаровски има 434.096 51,69 отсто. Силјановска, пак, 375.434 или 44,7 отсто. Неважечки се 30.291 или