Стеван Павлески: Катица Јанева е жртва во „Рекет“ и ќе го докаже тоа

1686

Адвокатот на осомничената специјална обвинителка Катица Јанева, Стеван Павлески вели дека Jанева е жртва во случајот „Рекет“ и дека тоа ќе го докаже.

Тој во изјава за медиуми рече дека штотуку бил повикан во Кривичниот суд, каде за Јанева се одлучува дали ќе и биде одредена мерката притвор на барање на Јавното обвинителство. Павлески рече дека Јанева вчера во Кривичен била во својство на сведок во случајот „Рекет“.

– Не знам сега ме повикаа , на сите парашања на јавниот обвинител немаше никаков проблеm. Не беа спомнати пари. Сѐ што прашаа за „Рекет“, Јанева кажа. Не смеам да ви одговорам што ја прашуваа, таа коректно соработуваше – рече Павлески.

Според него, хумано би било да и дозволат на Јанева да оди во Гевгелија на погребот на макја и.

На прашање дали има судир на интереси оти Павлески е адвокат на еден од обвинетите во случајот на СЈО „Империја“ и на Јанева, адвокатот изјави дека неговиот клиент Цветан Панделевски не е првоосомничен и дека главниот лик е Камчев, а не Панделевски.

– Гледаме една крвожедност на сцена. Младите адвокати сакаат да се истакнат. Имаме докази и доказите беа презентирани. Јанева имаше либерален пристап во однос на притворите и одземањето на патните исправи. Таа е жртва на овој случај и тоа ќе го докаже“, изјави Павлески.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...