Стевананџија: Очекував да ги разрешите министрите кои не одат на работа и не ги интересираат граѓаните

419

Очекував наместо Аксел Ахмедовски да ги разрешите министерот кој не оди на работа и тој што не го интересираат граѓаните, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Димитар Стевананџија на пленарната седница за предлогот на Владата да бидат разрешени министрите без ресор Ахмедовски и Аднан Ќахил.

– Самиот изјавивте дека не сте задоволни што министер не доаѓа на работа. Очекував дека тој ќе биде разрешен и министерот кој не е заинтересиран за граѓаните – рече Стевананџија, алудирајќи на вицепремиерот за Рамковен договор Хазби Лика и министерот за животна средина Садула Дураку.

Премиерот засега не им реплицира на опозициските пратеници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...