Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Димитар Стевананџија му забележа на премиерот Зоран Заев зошто ја премолча посетата на американскиот бизнисмен во областа на марихуаната,Мајкл Штрауметис.
– Етсрда во влада жива циркузијада. Со нов актер сега Дон марихуана, за оваа посета наместо да разбереме од Зоран Заев, Филипче, Апостолова, која не знае ниту една странска инвестиција, дознаваме од големиот Мајк. За жал во земјата на циркузот последиците по нацијата, јазикот идентитетот, економијата се катастрофални – рече Стевананџија.
Премиерот Заев во контрарепликата до Стевананџија не ја спомена посетата на американскиот бизнисмен.