Стафорд ја убил мајката на својот сопственик во Панчево

2775

Две жени биле нападнати од стафорд во Панчево, по што едната починала, а другата била префрлена во болница.

Наводно, починатата имала 66 години и му била мајка на сопственикот на кучето.

Како што пренесува „Курир.рс“, за овој случај била известена полицијата, а според неофицијални информации, телото на починатата ќе биде дадено на обдукција за да се утврди причината за смртта.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...