Статуафест и баскеркараван на улица Македонија

132

Интернационалниот фестивал за баскери и живи статуи „Статуафест и баскеркараван“ ќе се одржува од денеска до 22 јуни од 18.30 до 23 часот на градскиот плоштад и на улицата Македонија.

Ќе учествуваат баскери и живи статуи од Шпанија, Германија, Украина, Венецуела, Хрватска, Србија и професионални артисти од Северна Македонија. Во музичката програма ќе настапат Тони Зен, диџеј Бугимен и Онија Блузерите.

Организатор на фестивалот е Здружението на граѓани „Тим театрос К“ од Скопје, а покровител Град Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...