Стаса билетот за едно возење во ЈСП – чини 50 денари и може да се купи и во автобус

2530

После долги најави, ЈСП конечно го пуши во употреба билетот за едно возење. Може да се купи во автобусите, но и во билетарниците, по цена од 50 денари за еднократко возење.

Новиот билет е хартиен и има вграден безконтактен чип, па ќе може да се валидира безконтактно, на постоечките валидатори.

Цените на останатите видови билети остануваат исти. Пакетот билети за 10 возења чини 250 денари, билет валидиран преку електронски паричник чини 35 денари, додека валидација со мобилен телефон е 40 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...