Стар рецепт за туршија: Останува свежа до крајот на зимата и без конзерванси

Ако во текот на зимата со секој ручек јадете зеленчук од туршија вие ќе го поттикнете обновувањето на цревната флора.

2736

Туршијата е природен пробиотик и најмоќен лек. Ако во текот на зимата со секој ручек јадете зеленчук од туршија вие ќе го поттикнете обновувањето на цревната флора; ќе го забрзате метаболизмот; ќе го подобрите имунитетот; ќе спречите појава на карцином; ќе го регулирате крвниот притисок; ќе го намалите нивото на холестерол; ќе го подобрите расположението…

Рецепт за туршија:

Потребни состојки:
5 кг зеленчук за туршија (корнишони (краставички), пиперки, моркови, зелени домати, карфиол, ситен кромид итн.)
5 литри вода
1 литар алкохолен оцет
13 супени лажици шеќер
5 супени лажици сол
1 кесичка винобран
зачини: бибер во зрно, мирудии, рен…

Подготовка:

Зеленчукот добро измијте го па исчистете го од петелките. Потоа пиперките издупчете ги на неколку места за да водата влезе во нив. Морковот исчистете го, како и кромидот и доматите. Потоа зеленчукот ставете го во буре и сипете ја водата во која сте додале оцет, сол, шеќер и винобран.
Сè убаво измешајте па притиснете го зеленчукот да биде што подлабоко во водата. Зеленчукот можете и дополнително во таа вода, но исто и водата можете да ја додавате (со оцетот и зачините).
Бурето чувајте го на суво и ладно место, далеку од сонце.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...