Во овој случај ообвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески кои се товарат за „злоупотреба на службенатта положба и овластувања“ и „перење пари“, како и Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска обвинети само за делото „перње пари“. За истото дело, како правен субјект со обвинението опфатена е и ВМРО-ДПМНЕ.
На Елизабета Чингаровска нема да ѝ се суди бидејќи таа се спогоди со СЈО, призна вина и доби условна казна затвор од две години, која нема да се изврши ако во наредните пет години не направи друго кривично дело.
Според обвинението, тие незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра за партијата, а потоа организирале тие пари да бидат уплатени на жиро-сметката на партијата преку уплатници на име на разни луѓе.
СЈО поднесе уште еден обвинителен акт за предметот „Талир“ што се однесува на незаконската изградба на седиштето на партијата.
Обвинението за овој случај е еден од оние кои ги опфаќа начелното правно мислење кое го даде Врховниот суд, а тоа е дека СЈО не може да покренува обвинителни акти по истекот на 18 месеци од преземањето на „бомбите“.
Од обвинителството за овој предмет претходно посочуваа дека тие може да покренат обвинение бидејќи рокот за овој предмет почнува откако тие го презеле од редовното обвинителство, а не од преземањето на разговорите од СДСМ.
Сепак, мислењето на Врховен не е задолжително за пониските судови, туку само за врховните судии. Од Кривичниот суд тогаш соопштија дека тие ќе постапуваат по предметите додека републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески не се произнесе за тоа кое обвинителство е надлежно. Јовески, пак, иницираше постапка до Собрание за таму да има автентично толкување на членот 22 од законот за СЈО кој се однеусва на рокот за обвиненија и истраги.