Стариот мерцедес на Груевски се забил кај американската резиденција

Сведокот кажа дека еднаш им се случило на автопатот Велес-Скопје да им откажат кочниците, а внатре бил и Груевски.

2353

Вупно 11 сведоци на предлог на Никола Груевски и на неговите адвокати денеска сведочат во судницата на Кривичниот суд во случајот „Тенк“.

Како сведоци се појавуваат луѓе од обезбедувањето на Груевски, личниот возач, возачите на другите возила од колоната со обезбедување, лицата што вршеле проверка за експлозиви, за антитерористичка заштита….

Сите наведува дека старите блиндирани автомобили биле често во дефект и небезбедни.

Еден од нив кој од 2006 година бил дел од обезбедувањето на Груевски раскажа и случки во таа насока. Сведокот кажа дека еднаш им се случило на автопатот Велес-Скопје да им откажат кочниците, а внатре бил и Груевски.

– Имаше и друга случка во градот. Јас возев зад главното возило во кое се превезува премиерот, но среќа тој не беше во возилото. Воланот на тој мерцедес се закочи и удри во ограда на една куќа кај американската резиденција. Искрши три-четири столбчиња – рече сведокот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...