Стапката на инфлација во еврозоната на најниско ниво од 2016 година

82

 Годишната стапка на инфлација во еврозоната во август се задржа на најниското ниво во последните 3,5 години, покажуваат денеска објавените проценки на европската статистичка агенција Евростат.

Годишната стапка на инфлацијата мерена со хармонизираниот индекс на потрошувачки цени (ХИЦП) во август изнесуваше еден отсто, што значи дека е задржана на јулското ниво, најниско од почетокот на 2016 година, се наведува во извештајот на Евростат.

Инфлацијата во јуни изнесуваше 1,3 отсто.

Кога ќе се исклучат променливите цени на енергенсите, храната, алкохолните пијалоци и тутунот, годишната инфлација ќе изнесува 0,9 отсто, и исто така остана непроменета во однос на јули.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...