Стапица за мачки во битолскиот Совет за спас од урина по инвентарот

686

Во советот на Општина Битола пред самиот влез во салата службите поставија стапица за мачки.

Стапицата за мачки е поставена по реакции на советници, бидејќи инвентарот каде работеле бил уриниран од страна на мачки кои се шетаат низ советот, јавува ТВ 21.

По овие реакции, службите се одлучиле да постават стапица со цел надминување на овој проблем. И во текот на изминатите седници, мали мачиња се шетаа низ салата за седници, додека советниците дискутираа.

Фото:ТВ 21

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...