Стаорци пливаат во голема мрсна дамка во Охридското езеро

1051

Попладнево во Охридското езеро, на градскиот кеј пред хотелот „Палас” се појави голема мрсна дамка.

Станува збор за масло кое е испуштено во езерската вода. Во црната дамка која плива по езерската површина има и мртов стаорец, а дел од граѓаните кои шетаа крај кејот велат дека виделе уште неколку мртви животни во езерото.

Од Општина Охрид не добивме одговор која е причината за појавата на мрсната дамка во езерото, ниту пак на терен беше излезена инспекцијата за животна средина.

Извор: СДК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...