Стаменковска: Упадот во домот на пратеникот Љупчо Димовски е политички притисок и пресметка

822

Да се апси пратеник од опозицијата и да се бара одземање на неговиот имунитет за да биде испратен во притвор е пракса која не е позната во демократска Европа, туку во земји окупирани од криминалните картели, реагира пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Невенка Стаменковска.

„Денешниот упад во домот на пратеникот Љупчо Димовски не е ништо друго освен обид за политички притисок и злоупотреба на институциите за пресметка со сите оние кои не се согласуваат и се спротиставуваат на антидржавните политики на Зоран Заев.
Нашиот колега Љупчо Димовски веќе еднаш беше жртва на политички прогон од страна на власта. Без никаква основа го гонеа за измислено кривично дело тероризам, само и само за да го скршат и да го натераат да ја поддржи промената на името и бришењето на македонскиот идентитет, култура, историја и традиција. Зоран Заев и криминалниот картел околу него не успеаја во намерата. Љупчо Димовски продолжи да ги брани државните и национални интереси и не го поддржа штетниот преспански договор, ниту измените во уставот со кои што Заев ја брише Република Македонија.

Неговото повикување денеска е класична одмазда и чин со кој што треба да се заплашат сите неистомисленици на Зоран Заев. Кога вакво нешто може да му се прави на опозициски пратеник избран од граѓаните, тогаш што може криминалниот картел да му спакува на обичен граѓанин ? Ова е пораката која што Зоран Заев сака да ја испрати во јавноста, но залудно

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...