Невенка Стаменковска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ на расправата во парламентот за инетрпелацијата против Владата рече дека странските инвестиции донеле околу 20.000 вработувања во Македонија.
Таа обвини дека во последните 10 месеци без работа останале околу 10.000 луѓе, а на нивните места се вработени 13.000 луѓе најголем дел, како што рече, од Шарената револуција.
Нејзината сопартијка Емилија Александрова реплицирајќи и на Ташевска-Ременски, соопшти дека тие немаат визија, план и идеја како да ја водат државата напред.
– Вие покажавте дека за вас не постои правна држава, туку сте елитистичка политичка партија за која е дозволено се… Вие сте еден типичен школски пример за тоа како една власт не смее да работи, рече Александрова.