ССНМ: Владата итно да испита зошто тројца фоторепортери биле изложени на ароганцијата

889

ССНМ бара итно Владата да ја испита ситуацијата во која тројца фото-репортери биле оневозможени да работат и при тоа биле изложени на ароганција и непримерно однесување од страна на преставници на власта, а под изговор на „безбедносни проценки“ на почетокот на денешната лидерска средба.

„Во изминативе години многу неправди, притисоци и злосторства врз медиуми и медиумски работници се извршени под максимата „согласно Уставот, законите и процедурите“ поради што најостро отфрламе секаков обид ароганцијата, затвореноста и третирањето на новинарската фела со потценување да бидат објаснети со безбедносни или каков било друг вид “проценки“.

Воедно потсетуваме дека ние сме тие кои секогаш први ги чувствуваат сигналите на недемократските практики, но како што докажавме и досега, ниту во минатото ниту сега нема да молчиме.

Ако 11 години се боревме против газењето на новинарската заедница, во услови на, како што власта љуби да каже, „режим“ тогаш во оваа „демократија“ ќе бидеме уште погласни и непомирливи во борбата за достоинство на секој припадник на професијата“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...