Фото моделот и син на полициски инспектор, Вук Шапоњиќ, откако пукал во окото на својата мајка, наместо во притвор, бил пратен на психијатарско лечење.
Тој се уште не дал изјава за полицијата, ниту бил изведен пред надлежен обвинител.
Во полицијата се претпоставувало дека младиот човек немал намера да пука во мајка си. Таа отишла да го види бидејќи живеела во странство, а тој случајно ја застрелал додека го чистел или си „играл“ со пиштолот.
Наводно, Вук бил многу вознемирен поради тоа што се случило, бидејќи како што изјавиле блиски, ја обожавал мајка си.
– Настанот се случил во стан во центарот на Чачак. Мајката најверојатно лежела на креветот кога било пукано од пиштолот. Куршумот поминал низ окото на жената, а потоа запрел на десната страна на градниот кош – рекол извор на истрагата.
Мајката сега била надвор од животна опасност, а куршумот ќе се вадел од градниот кош кога нејзината состојба ќе била стабилизирана.
Вук не поминал ниту ден во притвор ни минатата година кога со нож избодел момче, пред очите на бројни минувачи.
ФОТО: Фејсбук
Извор: српски „Курир“