Српски пејач се задуши откако го касна пчела во ТВ-емисија ВИДЕО

Ибро не прекинал да ја пее песната до крај, иако се чинело дека извесно време се гуши, јавуваат српските медиуми.

5253

Пејачот на народна музика Ибро Селмановиќ доживеал страшна непријатност на снимањето на емисијата „Шареница“ кога го каснала пчела која му влетала во грлото среде снимањето.

Ибро излегол на сцената и додека пеел, пчела му влетала во устата и го гризнала во грлото. Но, тој не прекинал да ја пее песната до крај, иако се чинело дека извесно време се гуши, јавуваат српските медиуми.

Отпрвин, никој не сфатил за што станува збор, а пејачот едвај успеал да им објасни на организаторите да повикаат брза помош поради тоа што се задушува. На местото на настанот пристигнала екипа на Брза помош и потоа го пренеле пејачот во болница. Тој бил пуштен на домашно лекување по неколку часа, пишува српски „Блиц“.

– Прво, не би го посакал ова ниту на најголемиот непријател. Мислам дека некогаш не се случило на некого. По покана на РТС, дојдов со син ми на Јахорина, од каде што се емитуваше програмата во живо. Мислев дека пчелата ќе замине и јас дури и не ја бркав зашто луѓето веројатно ќе помислат дека не сум нормален, дека пеам и бркам пчела – раскажал Ибро како изгледале драматичните моменти на Јахорина.

Видетото можете да го погледнете тука.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...