Српски државјанин во карантин во Гоа, Индија, поради сомнеж за коронавирус

Пациентот покажува симптоми на корона вирус, како што е суво и болно грло. Ја следиме неговата состојба. Сите потребни примероци се земени за анализа, соопштија индиските власти.

125

Неколку српски државјани се наоѓаат во карантин во Индија, поради сомнеж дека се заразени со новиот коронавирус, јави дописникот на МИА од Белград.

Брачната двојка Ј. Ј и нејзиниот сопруг допатувале од Кина во индиската крајбрежна држава Гоа, а кај мажот било забележано  дека има сомнителни симтоми, јави весникот „Новости“. Повикувајќи се на веб страницата Индија експрес, српскиот весник јавува дека неименуван српски државјанин денеска е ставен во карантин во државата Гоа, во Индија, под сомнение дека е заразен со коронавирус.

Според министерот за здравство на Гоа, Вишваџит Рајн, српскиот државјанин пристигнал во Индија минатата недела и во Кина престојувал во град што се наоѓа на 750 километри од Вухан, епицентарот на епидемијата на опасниот вирус.

– Тој пристигна во Гоа преку Њу Делхи и ние бевме информирани за случајот од страна на индиската Влада. Штом покажа симптоми на корона вирус, тој беше сместен во карантин, кажа Рајн.

Индискиот весник објави дека во понеделникот во карантин во државната болница се сместени српски студент по медицина и неговата мајка, кои пристигнале од Вухан.

– Пациентот покажува симптоми на коронавирус, како што е суво и болно грло. Ја следиме неговата состојба. Сите потребни примероци се земени за анализа, соопштија индиските власти.

Министерот за надворешни работи, Ивица Дачиќ, говорејќи денес за епидемијата на коронавирусот, кажа дека кај еден од петмината српски државјани кои пристигнале во Белград, преку Москва, од кинескиот град Вухан, нема никакви симптоми на болеста.

Тој додаде дека еден српски државјанин изјавил дека сака да остане во Вухан, додека за другите тројца се чека можност за евакуација заедно со Французите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...