Српски „Блиц“: Газдата на „Нефа“ итно заминал во Русија „поради технички преглед на автомобилот“ (ВИДЕО)

Зад целата афера стои рускиот „крал на креветите“ Андреј Ходашевиќ, сопственик на две големи фабрики за мебел „Много мебели“ и „Корол Диванов“ во Русија, кој преку лавиринт од други фирми „Спилит“ и „Холодекс“ е сопственик на „Нефа мебел“ во нашата земја и Србија, според податоците на српската агенција за стопански регистри,

4340
FOTO Printskrin

„Итно морав да се вратам во Русија поради технички преглед на автомобилот“. Ова е последната порака која Максим Максимов, директор на „Нефа намештај“ им ја испратил на менаџерите во Србија на само неколку дена пред оваа фирма да исчезне преку ноќ од Србија, објави српски „Блиц“.

Тој оставил без работа околу 550 работници во двете фабрики во Србија, а многу муштерии и во Македонија и во Србија без нарачаниот платен мебел.

Според податоците на српската агенција за стопански регистри, зад целата афера стои рускиот „крал на креветите“ Андреј Ходашевиќ, сопственик на две големи фабрики за мебел „Много мебели“ и „Корол Диванов“ во Русија, кој преку лавиринт од други фирми „Спилит“ и „Холодекс“ е сопственик на „Нефа мебел“ во нашата земја и Србија.

ФОТО Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...