Српската премиерка понудила оставка, Вучиќ ја одбил

Српската премиерка Ана Брнабиќ вчера жестоко пред новинарите го критикуваше министерот за иновации и технолошки развој Ненад Поповиќ поради неговиот дискриминаторски став за ЛГБТ популацијата и нивното право на родителство.

701
Aleksandar-Vucic-Srbija-EPA-EFE-FELIPE TRUEBA

Српската премиерка Ана Брнабиќ вчера жестоко пред новинарите го критикуваше министерот за иновации и технолошки развој Ненад Поповиќ поради неговиот дискриминаторски став за ЛГБТ популацијата и нивното право на родителство.

„Војната“ помеѓу нив, како што јави дописникот на МИА од Белград, подоцна продолжила на седницата на Владата и за малку ќе завршела со оставка на премиерката, пишуваат српските медиуми, кои неофицијално дознаваат дека Брнабиќ понудила и оставка, на што претседателот Александар Вучиќ одговорил дека „тоа не доаѓа предвид“.

Сликовницата за деца во која „Роко има две мајки, а Ана има двајца татковци“ предизвика полемика меѓу министерот за иновации Ненад Поповиќ и премиерката Ана Брнабиќ, а нивниот судир беше повод за директен напад на министерките Зорана Михајловиќ и Јадранка Јоксимовиќ врз премирката на седницата на Владата, која за малку не завршила со оставка на Брнабиќ, пишуваат „Вечерње новости“.

– Ова беше без сомнение еден од најтешките денови за мене откако сум во Владата од 2016 год., а секако откако сум претседател на оваа Влада – изјави Брнабиќ за „Новости“, по бурната владина седница.

Весникот „Курир“ пишува дека седницата на Владата била напната и непријатна, на која Брнабиќ и Поповиќ размениле „повеќе непријатни реченици“, по што во полемиката се вклучиле останатите министри.

По владината седница, премиерката Брнабиќ за „Новости“ изјави дека на Србија не и се потребни поделби.

– Верувам дека во Србија не треба да биде битно кој е од која вероисповед, сексуална орентација, етничка припадност или која било друга разлика, туку сите заедно да одиме во ист правец за да го надополниме изгубеното време – изјави Брнабиќ.

Таа наведе дека и е „бескрајно значајна подршката на претседателот Вучиќ“ со кого, како што потенцираше, искрено се консултира.

– И овој пат разговаравме за целата состојба. Ме повика да чуе како се чуствувам после сето она што се случи на седница на Владата и пред тоа. Го имам неговото разбирање и поддршка и верувам дека тоа е сржта која на Србија и дава сила, заради која вреди да ја продолжам борбата – изјави Брнабиќ.

Таа констатираше дека сето ова треба да се тргне на страна и да се продолжи со работа на решавањето на проблемите на граѓаните.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...