Српската полиција се сомнева оти маж си ја убил 43-годишната сопруга

142

Безживотните тела на сопружниците Ш.Х. на 60-годишна возраст и 43-годишната К.Х. биле пронајдени во својот дом во Србија. На нив имало рани нанесени со, како што се верува, ловечка пушка, која мажот легално ја поседувал.

– Се сомневаме дека мажот со неа пукал во сопругата, а потоа си пресудил и себеси – рекол извор од истрагата за „Курир.рс“.

Според податоците на полицијата и социјалните служби, немало пријава за насилство во ова семејство.

Наводно, засега немало причина да се верува дека во случајот е замешано трето лице. Неофицијално, брачниот пар живеел во простории на имотот на една фирма, во која сопругот работел како чувар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...