Српската опозиција бара референдум за „мини Шенгенот“

Ккоалицијата Народен блок повикаа на заеднички фронт против т.н. „мини Шенген“, оценувајќи дека оваа иницијатива практично значи формирање на еден вид лабава конфедерална унија меѓу Албанија, Северна Македонија и Србија

200

Лидерите на опозициската коалиција Народен блок, Велимир Илиќ, Момир Стојановиќ и Мирослав Паровиќ денеска повикаа на заеднички фронт против таканаречениот „мини Шенген“.

„Властите во Србија се подготвуваат на самитот во Белград кон крајот на јануари да го финализираат создавањето на „мини Шенген“, што во пракса значи практично формирање на еден вид лабава конфедерална унија меѓу Албанија, Северна Македонија и Србија. Без никаква јавна дебата, одлука на Народното собрание и без организирање на фер референдум, режимот на Александар Вучиќ се подготвува да ги намали државноста и суверенитетот на Србија и во еден дел да го пренесе во унијата која се формира. Особено е опасно што „мини Шенген“ се планира во делот на Западен Балкан кој е населен со Албанци кои имаат јавни и нескриени територијални аспирации кон Србија, и тоа не само на територијата на Косово“, се наведува во соопштението.

Според Народен блок, оваа тема треба да се одвои од предизборната кампања, која режимот секојдневно ја води и која се обидува да ги задуши сите гласови кои се спротивставуваат на унијата со Албанија и Северна Македонија.

„На секој начин, мора да се бориме прашањето за „мини Шенген“да го предочиме јасно на граѓаните, со силно барање членството на Србија во оваа унија да може да се дискутира само по фер референдум. На овој начин би се формирала реална и силна политичка сила која би била противтежа на властите и би ги спречила постапките на режимите кој се подготвува и кој планира да се исцрпи енергијата на противниците на „мини Шенген“ преку соодветни групи“ потенцираа од Народниот блок во соопштението за печатот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...