Српската опозицијата од утре почнува со бојкот на Собранието
loading...
Пратениците на опозицискиот Сојуз за Србија (СЗС) ќе ја бојкотираат утрешната седница на српското Собрание, истакнувајќи дека нема да учествуваат во работата и на републичките и локалните собранија, се додека не се исполнат барањата на протестите „Еден од пет милиони“ и не се овозможат слободни и фер избори.
Како што се наведува во соопштението на СЗС, бојкотот е во согласност со „договорот кој им е понуден на граѓаните и за чија реализација опозицијата гарантира со своите потписи“.
– Првиот следен чекор ќе биде формирањето на Асоцијацијата на слободни одборници, која треба да ја олесни соработката и координацијата на одборниците во услови на бојкот на работата на локалните парламенти, се вели во соопштението, во кое се додава дека „пратениците и одборниците на СзС ќе продолжат да се борат надвор од институциите на системот“.
Од СзС наведоа дека „не сакаат да бидат дел од фасадната демократија и да даваат легитимитет на еден тоталитарен режим, кој го гуши секое поинакво мислење, а политичките противници ги третира како државни непријатели“.
– Ние сакаме да го промениме системот и во Србија да ја вратиме културата на дијалог, владеењето на правото и политичката пристојност и нормалност, порачаа од СзС.