Познатата новинарка Драгана Трипиќ (58) е пронајдена мртва во нејзиниот стан, а според првичните информации извршила самоубиство.
Телото на 58-годишната жена, која се обесила, според неофицијални информации, го пронашла нејзината ќерка.
Како што се дознава, ќерката на Драгана рекла во полицијата дека мајка ѝ била депресивна поради кредитот кој го имала во швајцарски франци.
Нејзината последна објава на Твитер се однесувала токму на борбата на корисниците на овие кредити во банките.
Драгана е родена на 16 мај 1961 година, а популарноста је стекнала како новинар во неколку белградски редакции. Учествувала и во неколку реални шоуа. Прекарот ѝ бил Маца.
Драгана била самохрана мајка.