Вкупно 144 средношколци од земјава учествуваат на 55. државен натпревар на млади истражувачи што се одржува денеска во Куманово.
Натпреварот го организираат Народна техника и Созујот на здруженијата на млади истражувачи, под покровителство на Министерството за образование и наука.
Учениците – натпреварувачи во средното школо „Перо Наков“ презентираат научно-истражувачки проекти од 23 области од природните и техничките науки, биологија, географија, информатика, математика, физика, хемија,…
-Како воспитно образовна институција имаме мисија да бидеме стимулативна средина за нови знаења, да дадеме придонес во креирање на модерна, квалитетна настава и сите заедно и наставниците и учениците и родителите да бидеме модели на добри граѓани и заслужни за новите постигнувања – рече директорката на „Перо Наков“, Мила Жибак.
Претседателата на Здружението на Созујот на млади истражувачи, проф. др. Љубица Каракашова, во обраќањето пред присутните истакна дека манифестацијата од научен карактер има за цел да ги промовира младите истражувачи, за кои потенцираше дека се гордост на државата. Таа ги повика младите истражувачи да чекорат на патот кон успехот.
Претседателот на Народна Техника, Зоран Тодоров, апелираше матурантите по завршување на факултетот што ќе го одберат, да магистрираат и докторираат и своето знаење да го остават тука, во државата.
Државниот натпревар на млади истражувачи секогаш се одржува во април.