Два пасоша и неколку ранци се украдени од кавадаречки средношколци за време на екскурзија во италијанскиот град Верона, потврди за МИА директорот на електро-машинското училиште „Киро Спанџов-Брко“ Драги Ташев.
– Додека учениците ја разгледувале Верона, непознати сторители го скршиле стаклото од вратата на автобусот. Земале неколку ранци со храна, а во два од нив биле и пасошите на двајца ученици. Од страна на Агенцијата организатор на екскурзијата, во Љубљана биле извадени нови пасоши за двајцата ученици – појасни директорот.
Тој нагласи дека програмата од екскурзијата во целост била реализирана без проблеми.