Средношколците од понеделник ќе се возат бесплатно во градските автобуси

420

Градското сообраќајно претпријатие „ЈСП – Скопје” информира дека од денеска автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по зимен возен ред, согласно одлуката за линиски превоз на патниците во Скопје.

Возниот ред на автобусите на ЈСП, како и на приватните превозници, може да се види на веб страницата на претпријатието www.jsp.com.mk.

Во пресрет на учебната 2019/2020 година, пак, ЈСП ги информира учениците од средните училишта на Град Скопје, дека од 2 септември 2019 година почнуваат да им важат бесплатните билети за користење јавен превоз.

Учениците од прва година средно, правото на користење бесплатен превоз ќе можат да го остваруваат со времен билет кој ќе го добијат во училиште. Овој билет ќе има важност до 31.10.2019 година, односно се додека не им се изработат и се поделат електронски персонализирани картички „Скопска”.

На учениците од втора, трета и четврта година, бесплатните билети (персонализирана „Скопска”) автоматски, преку систем ќе им бидат продолжени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...