Судијката Добрила Кацарска даде еден час пауза за да му се обезбеди адвокат по службена должност на обвинетиот Горанчо Ангеловски, откако претходно неговиот адвокат Тони Менкиновски го повлече полномошното и ја напушти судницата. Таа рече дека адвокатот не смеел да ја напушти судницата и да го остави обвинетиот без одбрана.
Менкиновски објасни дека немал време за подготовка на одбраната на неговиот клиент.
Обвинетиот Ангеловски имал адвокат, но на 20 јули годинава, тој му откажал, и откако Ангеловски не обезбедил друг бранител, судот му назначил бранител по службена должност.
Еден ден пред да почне судењето Менкиновски ја известил судијката дека ќе го застапува Горанчо Ангеловски.