Среде изјава на Тачи се стресе тлото во разорениот Туман ВИДЕО

856

Косовскиот претседател Хашим Тачи доцна попладне го посети Туман едно од нјпогодените место од катастрофлниот земјотрес што Албнија ја погоди вчера утрото.

За време на неговиот престој и тој го почувствува новиот земјотрес со интензитет од  5,6 степени според Рихтеровата скала, со епицентр во Драч.

Потресот се случи во моментот кога тој дваше изјава за медиумите. За миг се создаде паника, но присутните ги смируваше албанскиот вице премиер Ерион Браче.

– Изразувам најдлабоко сочувство за исгубените животи. Даваме наша целосна солидарност. Во Албнија и во Косово денеска е ден на жалост. Во добри, но и тешки денови сме и ќе бидеме обединети. Секоја болка на Албанија е болка и на Косово, рече Тачи.

Тој искажа голема благодарност до сите кои дале подршка и помош за надминување на оваа тешка ситуација.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...