Во близина на бензинска пумпа во Врачар,Белград вечерва е застрелан 37-годишен маж со два куршуми во глава.
Како што неофицијално дознава Курир.рс, станува збор за кик-боксерот Љубомир Марковиќ Киќи, кој бил и лидер на навивачите на Партизан, а кај него исто така било пронајдено оружје.
Силни полициски сили се сѐ уште на терен, а блокиран е целиот крај и околината во потрага по убиецот, информираат српските медиуми.
Како што пишуваат тамошните медиуми, испукани биле 8 куршуми. Марковиќ се обидел да му избега на убиецот трчајќи кон блиската бензинска пумпа каде паднал погоден, а потоа убиецот му пришол и му испукал уште еден куршум во глава.
Фото: Kurir.rs