Среден прст од Балотели за тифозите на Интер

146

Поранешниот играч на Интер, Марио Балотели покажа среднен прст пред навивачите на миланскиот клуб за време на натпреварот против неговата Бреша во вторникот.

Ова беше одговор на многуте навреди упатени до него од страна на тифозите. Се слушнаа премногу пцости упатени на негова адреса, со кои успеаја да го извадат од рамнотежа.

Интересно е дали Балотели сега ќе биде казнет за неговиот испад.

Напаѓачот помина три сезони со тимот на Интер помеѓу 2007 и 2010 година, по што беше продаден во Манчестер Сити. Подоцна во својата кариера, Балотели се пресели во Милан, со што предизвика гнев кај своите поранешни навивачи на клубот

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...