Средби во Лондон со поранешни функционери на НАТО и на ЕУ

111

Владината делагација што ја предводи премиерот Зоран Заев, денеска пред Состанокот на лидерите на НАТО во Лондон, имаше средба со поранешни високи функционери и амбасадори на Алијансата и ЕУ, членови на Охридската група.

– Со посветените пријатели и поддржувачи разговаравме за идните заеднички иницијативи за афирмација и меѓународна видливост на Северна Македонија, која наскоро ќе биде полноправна членка на НАТО. Членството во НАТО е реализација на нашата стратешка суверена одлука, донесена со консензус во 1993. НАТО членството значи безбедност, стабилност и сигурност, како главни предуслови за економски развој и просперитет на нашата земја и граѓаните во друштво на најмоќниот безбедносен сојуз во светот, објави премиерот Заев на својот Фејсбук профил.

Заев на Самитот на НАТО во Лондон е придружуван од вицепремиерите Радила Шекеринска и Бујар Османи и шефот на дипломатијата Никола Димитров.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...