Средба на партиите од Коалицијата предводена од СДСМ

199

Во седиштето на СДСМ денеска ќе се одржи првата работна средба на партиите од Коалицијата предводена од СДСМ што заеднички настапи на последните парламентарни избори.

Извршниот одбор на СДСМ на последната седница го овласти претседателот на партијата, генералниот и организациониот секретар, да направи консултации со коалициските партнери како и со други парламентарни и вонпарламентарни партии околу можностите да дојдат до консензуален кандидат за претседател на државата.

– Овие денови предвидено е консултациите да продолжат со партиите што се дел од владината коалиција, со парламентарни, но и други партии, се наведува во соопштението од СДСМ.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...