Средба на балканската четворка во Букурешт

435

Премиерите на Грција, Бугарија, Романија Бојко Борисов, Алексис Ципрас и Виорика Данчила и српскиот претседател Александар Вучиќ одржаа четиристрана средба на високо ниво, која овојпат се одржува во Букурешт.

Лидерите од балканските држави по седми пат одржуваат средба во овој формат, што е по иницијатива на Борисов.

– Денеска на многу сериозен и одговорен начин согледавме сè за што зборувавме на претходните состаноци и договоривме продолжување на инфраструктурните работи, изјави Вучиќ на заедничката прес-конференција со останатите лидери по средбата.

Тој потенцираше дека за помалку од три месеци ќе биде завршен источниот крак од Коридорот 10, а за помалку од два – јужниот крак кон Северна Македонија, јави РТС.

– Тоа е важно за поврзувањето со Грција и Северна Македонија, истакна Вучиќ.

Балканската четворка разговараше за напредокот на заедничките проекти во регионот во сферите на транспортот, инфраструктурата и енергетиката. Меѓу иницијативите кои имаат силен потенцијал да придонесат за поврзување на регионот и економскиот развој, се изградба на интерконекторни врски, создавање на интермодален коридор кој ќе ги поврзува Егејското и Црното Море и проширување на транспортните врски низ Дунав.

Фокус на средбата беше ставен и на регионалната соработка и развојот на добрососедските односи, како и европската перспектива на Западен Балкан.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...