Средба Катругалос -Пајат

100

За стратешкиот дијалог Грција- САД, за билатералните односи, но и за Договорот од Преспа, разговарале алтернативниот шеф на грчката дипломатија, Јоргос Катругалос, и американскиот амбасадор Џефри Пајат на нивната средба во Министерството за надворешни работи, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, повикувајќи се на дипломатски извори.

– Катругалос и Пајат разговараа за регионалната улога на Грција. Заедничка проценка е дека Договорот од Преспа придонесува за стабилноста во поширокиот регион и ја зајакнува улогата на Грција во југоисточниот Медитеран, објави АНА-МПА, а пренесе дописничката на МИА од Атина.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...